Top Sport

Реал остана без Јабуселе

Кошаркарот на Реал Мадрид, Гершон Јабуселе заработи повреда на натпреварот со Монако во рамките од деветтото коло од Евролигата.

Избраниците на Чус Матео ги совладаа „кнезовите“ (91:73), но останаа без еден од важните играчи.

Лекарскиот извештај покажа дека францускиот кошаркар ги скинал страничните внатрешни лигаменти на левото колено, што го потврди и Реал.

Од клубот не соопштија колку време Јабуселе ќе биде далеку од терените.

Покрај него, тренерот на Мадрид веќе извесно време не може да смета на Елио Ндиаи и Карлос Алосен.

Реал моментално е без пораз во Евролигата и АЦБ лигата.

Во следното коло од домашното првенство ја пречекуваат Уникаха, а потоа и Алба во Евролигата.

Scroll to Top