Top Sport

Реал пред пласман на фајнал-фор, Барса израмни со драматична победа во Турција (видео)

Актуелниот шампион од Евролигата, Реал Мадрид е на една победа од фајнал фор турнирот, откако Факундо Кампацо ги предводеше до 78:63 победа над Панатинаикос во вториот меч во Мадрид.

Аргентинецот имаше 13 поени, 9 асистенции, 7 скока и 5 украдени топки, а мечот беше одлучен во третата четвртина (26:15), поради фантастичниот Кампацо. Сега, Реал ќе има шанса да ја запечати победата во вторник во Атина, откако ниту еден клуб не се вратил од 0:2 негатива во четврт-финалето на Евролигата.

Додека Реал немаше мака, нивните шпански ривали Барселона стигнаа до трилер 74:72 победа на гостувањето во Турција кај Анадолу Ефес за да ја израмнат серијата на 1:1. Мечот се одлучуваше во последните секунди, кога Адам Ханга го погоди победничкиот поен на 2 секунди пред крајот.

Ханга беше клучниот кошаркар во тимот на Светислав Пешиќ, постигнувајќи 17 поени и 4 скока. Шејн Ларкин беше најдобар за Ефес со 14 поени. Серијата сега се сели во Барселона за следните два натпревари.

ЕВРОЛИГА, ПЛЕЈОФ

(1:1) Анадолу Ефес – Барселона 72:74 (16:19, 18:19, 25:24, 13:12)

(2:0) Реал Мадрид – Панатинаикос 78:63 (21:8, 14:18, 26:15, 17:22)

Scroll to Top