Top Sport

Торонто и Бостон итаат кон конференциско полуфинале, Оклахома се враќа (видео)

Кошаркарите на Торонто поведоа со 2-1 во четвртфиналната серија од НБА-плеј офот откако ноќеска славеа против Орландо со резулатат 98-93. Репторски направија брејк на теренот на противникот на Флорида и си ја подотворија вратата за премин кон полуфиналето на Истокот.

Кај Торонто најдобар беше Паскал Сиакам со 30 поени, Каваи Леонард запиша 16 поени, а Дени Грин имаше учинок од 13 поени.

Кај Орландо најефикасен беше Теренс Рос со 24 поени, додека Никола Вучевиќ мечот го заврши со 22 постигнати поени надополнето со 14 скока.

Бостон направи крупен чекор кон конференциско полуфинале откако стигна до 3-0 во серијата против Индијана. Селтикси ноќеска по третпат беа поуспешни од Пејсерси со 104-96, славејќи триумф на гостински терен.

Џејлен Браун беше незапирлив кај Бостон, реализираше 23 поени со одличен шут-ефект, а Ирвинг постигна 19 поени зачинети со 10 скока и 5 скока.

Кај Пејсерси најефикасен беше Еванс со 19 поени, а хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ го следеше со 15 поени.

Оклохома се врати во живот откако успеа да го победи Портланд и да намали на 1-2 во серијата против Блејзерси. Конечниот резултат беше 120-108 за Сити иако играчот на Портланд се закани дека ќе ги урне домашните откако само во третата четвртина постигна 25 поени.

Кај Тандерси, Вестбрук имаше ефект од 33 поени и 11 асистенции, а Пол Џорџ запиша скор од 22 поени.
https://youtube.com/watch?v=XXPv3gjM1DY
https://youtube.com/watch?v=UTwlGOiPE2E
https://youtube.com/watch?v=JUN-2hV1UU8

Scroll to Top