Шампионите Реал Мадрид во тесен натпревар го победи тимот на Панатинаикос со 89:82 во Грција со за да први да се пласираат на фајнал фор турнирот од Евролигата.
Иако „кралскиот клуб“ имаше подобар старт на мечот, ПАО не се предаваше и ја започна последната четвртина со израмнети 58:58. Во финишот, Реал ја покажа својата сила и сега ќе ја брани титулата од Евролигата на фајнал фор турнирот во Виторија.
Марко Гудуриќ ја презеде одговорноста во третата четвртина за да донесе на Фенербахче 66:57 победа на гости кај Жалгирис за 2:1 водство во нивната серија д плејофот.
Жалгирис имаше подобар старт на мечот и водеше со 34:31 на полувреме, пред Гудуриќ да постигне 11 поени во трета четвртина за пресврт. Сепак, беше тесно и во финишот, на 59:56 на 40 секунди пред крајот, кога Мелих Махмутоглу постигна тројка по која сè беше готово.
Гудуриќ имаше 17 поени, Јан Весели додаде 10, а Костас Слукас 9 поени, додека за Жалгирис Нејт Волтерс имаше 15 поени, а Брендон Дејвис девет.
ЕВРОЛИГА, ПЛЕЈОФ
(1:2) Жалгирис Каунас – Фенербахче 57:66 (19:15, 15:16, 12:18, 11:17)
(0:3) Панатинаикос – Реал Мадрид 82:89 (18:23, 23:13, 17:22, 24:31)