Top Sport

Реал со „бегство“ од Тел Авив, ЦСКА го доби руското дерби (видео)

Реал Мадрид успеа да стигне до 81:77 победа на гости кај упорните Макаби Тел Авив, станувајќи првиот тим кој победил на тешкото гостување во Израел во Евролигата оваа сезона.

Факундо Кампацо постигна осум од своите 11 поени во последните две минути од мечот, Треј Томпкинс постигна две клучни слободни фрлања, за Џефри Тејлор да го реши мечот со украдена топка. Скоти Вилбекин имаше 21 поени за Макаби, кои сега имаат 14-8 скор, додека Реал Мадрид се израмнија со ЦСКА Москва на второто место на табелата со 16-6 скор.

За ЦСКА Москва, Мајк Џејмс имаше 21 поен, а Јоханес Фоигтман имаше 15 поени и 14 скока за 78:69 победа над Химки за своја петта последователна победа во Евролигата. Во исто време, ова беше шести пораз во последните седум меча за Химки, кои паднаа на 9-13 загрозувајќи си ги шансите за пласман во плеј-офот. Алексеј Швед имаше 27 поени, 6 асистенции, но и осум загубени топки. Тој постигна 20 од своите поени во последната четвртина, кога ЦСКА веќе имаше предност од 21 поен.

ЕВРОЛИГА, 22. КОЛО

Химки – ЦСКА Москва 69:78 (19:23, 13:17, 6:19, 31:19)

Алба Берлин – Фенербахче 70:74 (22:17, 19:16, 15:17, 14:24)

Олимпијакос – Басконија 80:70 (25:24, 18:13, 16:14, 21:19)

Макаби Тел Авив – Реал Мадрид 77:81 (19:21, 19:15, 11:21, 28:24)

Асвел Лион – Жалгирис Каунас 74:79 (16:16, 11:14, 23:25, 24:24)

Барселона – Зенит Петерсбург 90:72 (21:21, 32:14, 21:19, 16:18)

Олимпија Милано – Баерн Минхен 79:78 (21:26, 26:17, 15:21, 26:12)

Scroll to Top