Досегашниот плејмејкер на Мега Бемакс, Никола Ребиќ, кариерата ќе ја продолжи во шпанскиот шампионат, во редовите на Билбао.
Ребиќ во Билабо доаѓа како замена за Рикардо Фишер кој не успеа да се снајде во овој тим.
Ребиќ сезонава во АБА лигата оставри просек од 12,9 поени, 2,8 скока и 5,4 асистенции по натпревар. Плејмејкерот во Билбао го чекаат неговите сонародници Дејан Тодоровиќ и Василие Вучетиќ.
Во кариерата Никола Ребиќ има играно за Раднички баскет и Црвена звезда.
Билбао во шпанскиот шампионат се наоѓа на 15.место со скор од шест победи и 14 порази.