Top Sport

Паднал договор: Мата во Атлетико Мадрид

Хуан Мата е еден од фудбалерите кои го напуштаат Манчестер Јунајтед. 30 годишниот фудбалер од „Олд Трафорд“ ќе замине како слободен играч, а кариерата ќе ја продолжи во Шпанија.

Мата, одби да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“ и по осум години минати во Премиер лигата, тој повторно ќе игра во Шпанија. Мата од 2011 до јануари 2014 година играше во Челси, а потоа за сума од 37 милиони фунти се пресели во Манчестер Јунајтед.

Поранешниот младинец на Реал Мадрид, кој фудбалското име го изгради во Валнесија се поврзуваше со Барселона, меѓутоа шпанските медиуми пишуваат дека тој ќе стане играч на Атлетико Мадрид.

Преговорите помеѓу двете страни биле успешно завршени и според истите извори наскоро треба да биде официјализирана соработката.

Scroll to Top