Top Sport

„Ремонтада“ на Реал во „пеколот“ во Белград – ќе има и четврт меч!

Реал Мадрид издржа во „пеколот“ во „Штарк арената“ пред рекордни 20.091 гледачи за да се врати по лошиот старт и да ги победи Партизан со 82:80 за да намали на 2:1 во четврт-финалната серија во Евролигата.

По двата меча во Мадрид, тимот на Жељко Обрадовиќ имаше 2:0 предност и им е потребна само уште една победа за Фајнал фор, но мечот беше во сенка на скандалозните случки и општата тепачка поради која вториот меч во Мадрид беше прекинат предвреме. Пред непријателски расположена публика и фантастична атмосфера, Партизан беше на чекор до победа, но „кралевите“ со фантастична завршница и со тројка на поранешниот „партизановец“ Најџел Вилијамс-Гос да стигнат до победата.

„Црно-белите“, очигледно мотивирани од рекордниот број на гледачи на трибините, имаа фантастичен старт, поведувајќи со 12:0, за на крајот првите 10 минути да ги добијат со фантастични 32:19. Меѓутоа, расположениот Валтер Таварес беше одличен во втората четвртина, оставајќи ги „кралевите“ во игра со своите 16 поени во првото полувреме, за да биде прифатливи 48:45 за домаќините.

Ексиграчот на Партизан, Вилијамс-Гос и Марио Хезоња беа во топ-форма на почетокот на второто полувреме, за Реал а направи пресврт и да поведе првпат со 53:54. Реал имаа максимални пет поени предност (58:63), по што следуваше драматичната последна четвртина, во кои се играше поен за поен и во последната минута се влезе со 77:77. Тогаш Вилијамс-Гос ја постигна клучната тројка за победа.

Во Израел пак, преводени од Мајк Џејмс, Монако успеаја да стигнат до 83:78 победа над Макаби Тел Авив за да преземат 2:1 водство во четврт-финалната серија. Откако во Монако двата тима имаа по една победа, Макаби ги пречека гостите со 16-2 скор во својата „Јад-Елијаху арена“, каде што атмосферата секако беше непријателска.

Џејмс имаше 21 поени, од кои 18 во првото полувреме, додека Џордан Лојд додаде 15 поени за тмот на Саша Обрадовиќ да ја преземе контролата во првото полувреме, кое го добија со 41:32. Макаби имаше совршена шанса за камбек на 23 секунди пред крајот, кога Вејд Болдвин намерно утна слободно фрлање, а капитенот Џон ди Бароломео да постигне тројка, но на крајот гостите заминаа со победа. Следниот меч е повторно во Тел Авив на 4 мај.

ЕВРОЛИГА, ПЛЕЈОФ
(2:1) Партизан – Реал Мадрид 80:82 (32:19, 16:26, 15:21, 17:16)
(1:2) Макаби Тел Авив – Монако 78:83 (16:22, 16:19, 25:19, 21:23)

Scroll to Top