Хрватот Јасмин Репеша ќе биде новиот тренер на кошаркрите на Будуќност од Подгорица. Челниците на актуелниот АБА-шампион, му врачија отказ на Александар Џикиќ, поради серијата од шест порази.
Репеша е поранешен тренер на Цибона, Тофаш, Сплит, Сласк, Фортитудо, репрезентацијата на Хрватска, Рома, Бенетон, Уникаха, Цедевита, Арамни Милано и репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Репеша за Спортклуб, потврдил дека ја прифатил понудата од Подгорица, но дека нема да го предводи тимот утре во Белград против Црвена ѕвезда.
„Рано е да примам честитки, извесно е само дека нема да го предводам тимот против Црвена ѕвезда. Преговорите се во тек, постои взаемен интерес, блиску сме до постигнување на договор“, рекол Репеша.