Тренерот на НБА шампионите Торонто Репторс, Ник Нурс вели дека има јасна идеја за бојкот откако кошаркарите од неговиот тим и од Бостон селтикс се сретнаа пред нивната серија во плејофот. Нурс додаде дека се разледуваат и други опции и начини на кои тимовите би протестирале против систематскиот расизам и полициската бруталност.
Тој додаде дека некои од кошаркарите изразиле желба да си заминат од НБА кампот во Орландо и да се вратат дома. Полуфиналето од Источната конференција меѓу Репторс и Селтикс треба да почне во четврток навечер.
„Кошаркарите сакаат да се дел од решението, да помогнат, сакаат правда. Бојкотот на натпреварите е нешто што се разгледува како опција да се побара повеќе акција и мислам дека сите се едногласни. Има доволно внимание, но има малку акција“, вели Нурс.
Оваа „ескалација“ доаѓа откако минатиот викенд во Висконсин, еден црн човек беше застрелан повеќе пати од полицијата во грб.
Репторс се меѓу најгласните НБА тимови во барањето на социјална правда