Top Sport

Рики Рубио ќе го пропушти и стартот на новата НБА сезона

Шпанскиот кошаркар Рики Рубио се уште не се вратил на кошарката откако одлучи да паузира летово за да се фокусира на своето ментално здравје.

Рубио не се појави на стартот од тренинг кампот на Кливленд Кавалирс, но клубот верува дека моментот ќе дојде.

За тоа зборуваше и претседателот на Кливленд, Коби Алтман, кој потврди дека Рубио има дозвола од клубот да отсуствува.

„Ние целосно го поддржуваме Рубио и неговите напори. Сега е најдобро што тој не е со тимот, тој има наша дозвола да не присуствува на тренинзите. Ние сме во постојан контакт и ќе продолжиме да го поддржуваме на секој можен начин. Нашата организација му посакува на Рубио и неговото семејство сѐ најдобро“, рече Алтман.

Рубио лани потпиша тригодишен договор, минатата сезона одигра 33 натпревари пред да објави дека нема да игра за Шпанија на Мудобаскетот, бидејќи сфатил дека конечно е време своето ментално здравје да го стави пред кошарката.

Scroll to Top