Top Sport

Медведев испадна од Ролан Гарос

Четвртиот носител на Ролан Гарос, Данил Медведе, учеството на турнирот го заврши во првото коло. Медведев заклучно со оваа година досега во кариерата четири пати учествувал на Ролан Гарос и никогаш не успеал да го мине првото коло.

Скалпот на Медведев му го зеде Мартон Фучович. Унгарецот победи по три часа и 20 минути игра со 6/4, 7/6, 2/6, 6/1.

За пласман во треото коло Фучович ќе игра против Шпанецот Алберт Рамос Вињолас.

Scroll to Top