Армани Милано, предводени од Серхио Родригез му го нанесоа третиот пораз на Фенербахче во Евролигата, откако со 87:74 триумфираа во последниот меч од четвртото коло во европската кошаркарска елита.
Родригез имаше 22 поени за Милано првпат од 2014 година да го победи тимот на Фенербахче и да ја забележи третата победа оваа сезона. Артурас Гудаитис беше исто така клучен за Милано, посебно откако Фенер имаше добра серија во третата четвртина. Јан Весели и Жофри Ловерњ имаа по 14 поени за турскиот клуб.
„Пирова“ победа во Берлин имаше тимот на ЦСКА Москва, триумфирајќи со 82:66 над Алба за 4-0 скор, откако МВП на Фајнал фор турнирот од 2019, Вил Клајбурн доби посериозна повреда на коленото.
Откако првото полувреме заврши 39:34, ЦСКА го крена нивото на игра во второто полувреме, откако ја доби третата четвртина со 22:8. Мајк Џејмс имаше 22 поени и 5 асистенции за ЦСКА, а Даран Хилиард додаде 21 поен со шест тројки.
По четири кола во Евролигата, само Барселона и ЦСКА Москва имаат по четири победи.
ЕВРОЛИГА, 4.КОЛО
Жалгирис Каунас – Асвел Лион 70:56 (14:20, 19:8, 22:17, 15:11)
Алба Берлин – ЦСКА Москва 66:82 (15:17, 19:22, 8:22, 24:21)
Милано – Фенербахче 87:74 (20:11, 21:18, 25:26, 21:19)
Басконија – Олимпијакос 82:66 (23:21, 18:15, 17:13, 24:17)