Top Sport

Дончиќ и Јокиќ со трипл-дабл победи за Далас и Денвер, „Езерџиите“ не слушаат џез (ВИДЕО)

НБА тимот на Денвер ноќеска дури по продолженија, со 108-107 го победи тимот на Феникс благодарение пред се на српскиот центар, Никола Јокиќ кој имаше трипл-дабл ефект – 23 поени, 14 скока и 12 асистенции. Поефикасен од него во победничката екипа беше Џамал Мареј со 27 поени.

Екипата на Далас триумфираше со Њу Орлеанс, со резултат 123-116.

Словенецот Лука Дончиќ имаше трибл-дабл ефект – 25 поени, 10 скока и 10 асистенции. Кај Њу Орлеанс, мечот со 25 поени го заврши Брендон Инграм.

Лос Анџелес Лејкерс ноќеска сигнаа до првата овосезонска победа, славеа триумф на домашен паркет против Јута со 95-86.

Леброн Џејмс придонесе во победата со 32 поени и 10 асистенции, а Ентони „веѓата“ Дејвис мечот го заврши со 21 поени и со 7 скока.

Во останатите ноќешни мечеви Бостон му го нанесе првиот пораз на шампионот Торонто со 112-106, Шарлот загуби на свој паркет од Минесота 99-121, Бруклин беше подобар од Њујорк Никс со 113-109, а Мемфис Гризлис претрпеа домашен пораз од Чикаго Булс со 102-110.

На останатите мечеви – Оклахома – Вашингтон 85-97 и Сакраменто – Портлнд 112-122.
https://youtube.com/watch?v=0L5oh0pFaHQ
https://youtube.com/watch?v=YjpdnMWxqZ0
https://youtube.com/watch?v=9MO2VnsEwk4

Scroll to Top