Руската влада ги притисна кошаркарските клубови, кои се дел од Евролигата, да ги одложат своите натпревари со цел репрезентативците да може да настапат во квалификациите за Светското првенство.
Како што пишуваат светските медиуми, владата на Русија побарала од ЦСКА Москва и Химки да ги одложат своите евролигашки натпревари, по што од ЦСКА упатиле барање до Уникаха натпреварот закажан за 24 ноември да биде одигран три дена порано, а исто барање испратиле и од Химки на адреса на Фенербахче.
Русија во квалификациите за Мундобаскетот ќе игра во Е-групата против Босна и Херцеговина, Белгија и Франција.
Репрезентацијата што ја предводи Сергеј Базаревич на 24 ноември ќе гостува во Босна и Херцеговина, а три дена подоцна ќе ја пречека Белгија.