Кошаркарите на Милвоки Бакс со 107:96 славеа во дуелот со Бруклин Нетс и го израмнија резултатот во серијата на 2-2.
Милвоки, победата ја обезбедија со брилијантната игра во првото полувреме, во кое постигнаа 11 тројки. Полувремето минаво знакот на повредата, на Кајри Ирвинг. Суперстарот на Бруклин, го повреди скочниот зглоб и веднаш го напупти теренот. Прашање е дали Ирвинг поради оваа повреда ја заврши сезоната.
Повредата на Ирвинг е голем удар за амбициите на Бруклин, бидејќи на почетокот на серијата останаа без Џејмс Харден
Јанис Адетокумбо го предводеше Милвоки со 34 поени и 12 скокови, Крис Мидлтон уфрли 19, Џру Холидеј 14 поени.
Кај Бруклин најефикасен беше Кевин Дурент со 28 поени (16 во третата четвртина), 13 скокови и пет асистенции. До повредата Ирвинг постигна 11 поени.
Петтиот натпревар на програмата е в среда, во Бруклин.