Сакраменто Кингс и генералниот менаџер на тимот од престолнината на Калифорнија, Владе Дивац, денес ја официјализираа соработката со тренерот Лук Волтон. Дивац и синот на НБА-легендата Бил Волтон, во сезоната 2004/2005 беа соиграчи во ЛА Лејкерс.
„Довербата помеѓу нас постои. Доколку ја немавме таа заедничка историја ќе ни требаше повеќе време да се вклопиме. Возбуден сум што ќе соработувам со него и со комплетниот тим“, рекол Волтон.
Лук Волтон, кој пред неколку дена, по три сезони, доби отказ од ЛА Лејкерс, на клупата на Сакрамент Кингс го наследи Дејв Јајгер.
Волтон кариерата ја започна како асистент на Стив Кер во Голден стејт Вориорс. Пред три сезони кога Кер поради болест не можеше да седи на клупата на Вориорс, Волтон го предводеше тимот до рекорден старт во сезоната. Вориорс забележаа 24 победи на почетокот на сезоната што е апсолутен рекорд.
„Довербата помеѓу нас постои. Доколку ја немавме таа заедничка историја ќе ни требаше повеќе време да се вклопиме. Возбуден сум што ќе соработувам со него и со комплетниот тим“, рекол Волтон.
Новиот тренер го лоцирал проблемот поради кој Кингс не успеаја да изборат пласман во плејофот, иако според напаѓачкиот потенцијал беа меѓу десетте најефикасни екипи во лигата.
„Одбраната ги освојува првенствата. Го сакам нападот, сакам кога се врти топката, но одбраната е таа која ја прави разликата. Ќе работиме на играта во одбраната. Мораме да створиме навики“.
Лук Волтон како играч девет сезони минал во ЛА Лејкерс и освоил две шампионски титули (2009, 2010).