Шекил О’Нил, човекот кој со Коби Брајант играше неверојатни осум сезони, кои оставија немерлив печат на модерната НБА, се јави со порака на социјалните мрежи по трагедијата.
„Нема зборови со кои можам да ја искажам болката низ која поминувам сега во овој тажен и трагичен момент кога ги загубив мојата внука Џиџи и мојот брат Коби Брајант. Ве сакам и ќе ми недостигате. Сочувство до семејството Брајант и до семејствата на другите загинати. Во моментов ми е многу мака“, напиша Шекил на Твитер.
There’s no words to express the pain Im going through with this tragedy of loosing my neice Gigi & my brother @kobebryant I love u and u will be missed. My condolences goes out to the Bryant family and the families of the other passengers on board. IM SICK RIGHT NOW pic.twitter.com/pigHywq3c1
— SHAQ (@SHAQ) January 26, 2020