Top Sport

Селтикс ги „средија“ Кавалирс за предност 1-0 (Видео)

Бостон Селтикс со убедлива победа ја отворија финалната серија во Источната конференција во НБА лигата. Селтикс, во првиот меч, го декласираа Кливленд 108:83.

Селтик, иако без двајца повредени стартери (Кајри Ирвинг и Гордон Хејворд), од стартот наметнаа силен ритам, кој противникот не можеше да го следи. Бостон по првата четвртина имаше водство 36:18.

Тимот од Масачусетс, успеа да со тимска одбрана, успеа да го задржи Леброн Џејмс и да го натера на голмем број на грешки. Во еден период од вторито период Селтик создадоа предност од 28 поени. На полувреме Селтикс водеа 61.35.

Кливленд нешто подобро ја одигра третата четртина, во која надомести 12 поени од негативата на полувремето и со резултат 78:64 влезе во решавачкиот период.

Меѓутоа Бостон силно влезе во последната четвртина, по само две минути ја врати предноста од 20 поени и практично го реши победникот.

Џејлен Браун кај победникот постигна 23 поени, Маркус Морис имаше 21 поен и 10 скока, Ал Хорфорд постигна 20, а Џејсон Тејтум 16 поени.

Најефикасен кај Кливленд беше Кевин лав со 17 поени и осум скока, а Леброн Џејмс мечот го заврши со 15 поени, седум скока, девет асистенции и дури седум загубени топки.

Наредниот натпревар се игра во среда, а домаќин повторно ќе биде Бостон.

Scroll to Top