Top Sport

Селтикси расипаа уште една одлична вечер за Јокиќ

Никола Јокиќ повторно блесна со својот 15. трипл-дабл учинок оваа сезона, но неговите Денвер нагетс не успеаја да ја прекинат победичката серија на Бостон селтикс, кои завршија со 108:102 победа, нивна седма во низа.

Џејсон Тејтум имаше 24 поени, Маркус Смарт додаде 22 поени, 2 украдени топки и ги постигна двете клучни слободни фрлања за седма победа во низа, Дерик Вајт имаше 15 поени, 6 скока и 2 асистенции во своето деби по трејдот од Сан Антонио спарс.

Селтикси расипаа уште една голема ноќ на Никола Јокиќ, кој го забелеша својот 71. трипл-дабл во кариерата со 23 поени, 16 скока и 11 асистенции, но на крајот клучно за поразот на Нагетси беше тоа што имаа дури 21 загубена топка.

„Тоа ни се случува секоја вечер. Некогаш сме подобри, некогаш полоши, но со толку загубени топки се поставивме во лоша ситуација“, вели Јокиќ.

Денвер имаа 11 поени предност во првата четвртина и 9 поени на полувреме, но во второто полувреме домаќините се покажаа пресилни.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Детроит – Шарлот 119:141

Индијана – Кливленд 113:120

Филаделфија – Оклахома 100:87

Атланта – Сан Антонио 121:136

Бостон – Денвер 108:102

Чикаго – Минесота 134:122

Јута – Орландо 114:99

Scroll to Top