Тимот на Студентски центар направи неверојатно изненадување, најголемо оваа сезона во АБА лигата, откако го победи Партизан во Белград со 83:84 во првиот меч од четврт-финалната серија. Гостите од Црна Гора одиграа фантастичен меч, а Кевин Пантер на крајот не погоди шут за победа.
Звонимир Ивишиќ беше човекот на одлука, тој го блокираше Лесор, потоа имаше забивање, а го реализира и дополнителното слободно фрлање за предност од 83:84. Ивишиќ со 22 поени и 13 скока беше најефикасен кошаркар на мечот.
Вториот натпревар се игра в четврток во Подгорица, а Партизан и понатаму е голем фаворит во оваа серија.