Top Sport

ВТА: Андреску е во Топ 5, Барти се врати на врвот

Сензационалната освојувачка на Ју-Ес опен, Бјанка Андреску, од понеделникот се наоѓа на петтото место на ВТА-листата.

Андреску (19) направи неверојатен прогрес на ВТА-листата. Годината таа ја започна на 107 место, веројатно ќе ја заврши меѓу најдобрите пет.

Резултатите што ги постигнаа тенисерките на Ју-Ес опен донесоа промена на врвот. Наоми Осака не успеа да ја одбрани титулата, таа беше елиминирана во осмина-финалето, поради што првото место и го препушти на Ешли Барти.

Осака се наоѓа на четвртото место, а пред неа се Каролина Плишкова на второто, односно Елина Свитолина на третото место.

Scroll to Top