Клубовите со десет годишна лиценца во Евролигата, денес ќе одржат состанок, на кој ќе треба да решат како ќе реагираат на епидемијата на коронавирусот. Неколку натпревари се одложени, а клубовите секојдневно пријавуваат нови заразени.
Една од најважните точки на состанокот ќе биде намалувањето на периодот на изолација. Таков чекор веќе е направен во НБА лигата. Предлогот ќе биде периодот на изолација да се намали од 14 на 10 дена.
На маса ќе биде ставен и предлогот, сезоната привремено да биде прекината. Доколку предлогот биде прифатен, сезоната би можела да биде прекината на неколку недели.
Сезоната во Евролигата треба да продолжи на 6.јануари. Во претходното коло беа одложени четири натпревари.