Top Sport

Шампионот немоќен против Торонто, Сакраменто вози на српски погон (Видео)

Победата на Торонто Репторс над Голден стејт Вориорс (113:93), монструозната партија на Ентони Дејвис од Њу Орлеанс Пеликас против Оклахома Тандер, сензационалниот Лука Дончиќ од Далас Маверикс и рекордите 19 тројки што ги постигнаа кошаркарите на Сакраменто Кингс ставија печат на натпреварите во НБА лигата кои се одиграа изминатата ноќ.

Торонто Репторс сериозно ја истакнуваат кандидатурата за првото место во лигата. Репторс без најдобриот играч, Кави Ленард, лесно се справија со бранителите на титулата Голден стејт Вориорс.

Серж Ибака и Кајл Лаури ги предводеа Репторс до 23. победа во 30. натпревар сезонава. Лаури забележа 23 поени и 12 асистенции, а Ибака 20 поени и 12 скока. Кај Вориорс се истакна само Кевин Дурент со 30 поени, седум скока и пет асистенции. Вориорс имаат 19 победи и 10 порази.

Њу Орлеанс Пеликанс во драматичен меч славеа над Оклахома Тандер со 118:114. Ентни Дејвис беше незапирлив, шутираше од поле со 50-отсто успешност, а натпреварот го заврши со 44 поени и 18 скока.

Покрај Дејвис, дабл-дабл, кај Пеликанс запишаа Џулиус Рендл (22 поени, 12 скока) и Џру Холидеј (20 поени, 10 асистенции). Во редовите на Оклахома четворица кошаркари постигнаа 20 или повеќе поени. Најефикасен беше Пол Џорџ со 25 поени и 11 скока, Денис Шрудер постигна поен помалку, а по 20 коша уфрлија Расел Вестбрук и Стивен Адамс.

Лука Дончиќ продолжи со брилијантните игри во дресот на Далсс Маверикс. Во победата на Далас над Атланта 114:107, тој забележа 24 поени, 10 скока и шест асистенции. Ова беше 13.меч од почетокот на сезоната на кој Словенецот постигнал 20 или повеќе поени.

Сакраменто Кингс, во исклучително ефикасен натпревар, ги совладаа Минесота Тимбервулвс 141:130. Кингс погодија 19 тројки од 38 рекорди што е нов рекорд на оваа франшиза.

Блескаше српскиот тандем Немања Бјелица и Богдан Богдановиќ. Бјелица против својот поранешен тим постигна 25 поени, а Богдановиќ забележа 20 поени, пет скока и шест асистенции.

Ендру Вигинс со 25 поени беше најефикасниот кошаркар на Минесота, 20 поестигна Дерик Роуз, а Дарио Шариќ забележа 18 поени.

На другите натпревари Бостон Селтикс по продолжението славеа над Вашингтон Визардс 130:125, Малик Моунг во последната секунда погоди за победа на Шарлот над Детроит 108:107, Бруклин ја надигра Филалдлефија со 127:124, Мемфис славеше над Портланд 92:83, а Индијана го победи Милвоки 113:97.

Scroll to Top