Новата сезона во НБА лигата започна минатата ноќ. Минатосезонскиот шампион, Милвоки Бакс играше против тимот на Бруклин Нетс, аспирантот сезонава да стигне на пиедсталот во лигата. Сепак, популарните „елени“ не се предаваат така лесно.
Пред почетокот на натпреварот, традиционално Јанис Адетокумбо и другарите ги добија шампионските прстени како награда за освоената титула минатата сезона.
Прстените ги изработил Џејсон Арашебен од фирмата „Jason of Beverly Hills”.
Толку се големи прстените што се препорачува да се носат околу вратот. Спаѓаат меѓу најскапите во историјата на лигат, преполни со дијаманти, смарагди и злато, а секој детал има своја симболика.
Најважната новина е воведувањето на QR код, со чие скенирање се добива снимка од најважните моменти од походот кон титулата.
"Bucks in 6" ?
The Milwaukee Bucks' 2021 NBA championship rings are too clean. pic.twitter.com/OVByP5aJK9
— ESPN (@espn) October 19, 2021