Top Sport

Шеесет поени на Кемба недоволни за победа, Дончиќ го „урна“ шампионот (видео)

Кемба Вокер постигна 60 поени за домаќините Шарлот хорнетс, но тие не беа доволни за победа, откако Џими Батлер постигна тројка во последната секунда од продолжението за Филаделфија да стигне до 122:119 победа.

За Вокер, ова беше личен рекорд, рекорд за Хорнетс и прв учинок со над 60 поени откако Џејмс Харден постигна 60 против Орландо минатиот јануари. Но, Хорнетси не успеаја да го „зачинат“ ова со победа – откако се вратија од 10 негатива во регуларниот дел, тие губеа со 119:114 на 1:14 пред крајот пред Вокер да погоди и Џереми Ламб со тројка да израмни на 34.7 поени до крајот.  Вили Ернангомез потоа украде едно додавање, но Батлер го блокираше Вокер, пред да ја постигне тројката.

Словенечкото „чудо“, Лука Дончиќ продолжува со фантастичната игра за Далас, предводејќи ги Маверикси до 112:109 победа над шампионите Голден Стејт со 24 поени, 4 асистенции и 9 скока. Барнс додаде 23 поени, додека за Вориорс најдобар беше Кевин Дурент со 32 поени. Ова беше прва победа на Далас над Голден Стејт по десет натпревари и четврта победа во низа за тимот.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Шарлот – Филаделфија 119:122 ОТ

Далас – Голден Стејт 112:109

Њу Орлеанс – Денвер 125:115

Орланд – Л.А. Лејкерс 130:117

Јута – Бостон 98:86

Хјустон – Сакраменто 132:112

Торонто – Чикаго 122:83

Оклахома Сити – Феникс 110:100

Л.А.Клиперс – Бруклин 127:119

Индијана – Атланта 97:89

Scroll to Top