Top Sport

„Ѓоковиќ не е ГОАТ, па тој не најдобар ниту во својата ера“

Осмата титула што ја освои Новак Ѓоковиќ на Австрлаија опен повторно ги покрена расправите околу тоа кој е најдобриот на сите времиња (ГОАТ). Многумина се уверени дека не постои подобар српскиот тенисер. Коментарите се дека прашање на време е кога ќе ги престигна Надал и Федерер според бројот на освоени грен-слем титули. Ѓоковиќ има 17, Надал 19, а Федерер 20 грен-слем трофеи.

Свое мислење на оваа тема дал и Род Лејвер, кој два пати во една година ги освјувал четирите грен-слем турнири (1962 и 1969).

Според Лејвер, чие име го носи арената во Мелбурн, Ѓоковиќ не можел да биде најдобриот на сите времиња, бидејќи не бил најдобар ниту во ерата во која што игра.

„Модерната технологија според која се изработуваат рекетите прави тенисот да биде полесен за играње. Кога Федерер, Надал или Ѓоковиќ би играле со дрвени рекети сигурно е дека не би можеле да изведуваат вакви удари“, рекол Лејвер и дополнил.

„Поради тоа можете да кажете дека некој е најдобар во својата ера. Во оваа ера најдобар е Роџер Федерер“.

Scroll to Top