НБА легендата Шекил О’Нил признава дека јадел сендвичи за појадок, ручек и вечера додека преку Инстаграм не сфатил дека изгледа престаро и дека мора да го смени својот живот.
Во интервју за „Менс џурнал“, четирикратниот НБА шампион вели дека неговата исхрана го правела да изгледа старо и тоа го вклучило „алармот“.
„Си кажав, сакам уште еднаш да ја соблечам маицата на Инстаграм. Видов еден 70-годишник на Инстаграм кој имаше мускули насекаде и решив да се откажам од некои работи. Последните шест месеци јадам овошје, протеински шејкови, салата, риба, пилешко и друг зеленчук во мали порции. Првпат по 20 или 30 години имам стомачни мускули“, вели О’Нил.
Тој исто така додава дека трагедиите во 2020 го натерале да го смени животот, токако ја загуби своајта сестра Ајеша Херисон-Џекс и поранешниот соиграч од Лејкерси, Коби Брајант.
„Мојата сестра почина пред Коби, а потоа Коби замина… Дури 28 луѓе кои ги познавав си заминаа во 2020 и тоа беше лоша година. Сакав да избегнам проблеми и да јадам и да гледам Нетфликс. Проблемот беше во тоа што секогаш бев човек за сендвичи. Сендвич за ручек, за вечера, за ужина. А кога се случија тие работи минатата година, не можев да спијам. Ќе станев во три наутро и ќе си направев сендвич“, објаснува Шек.
View this post on Instagram