НБА легендата, Шекил О’Нил вели дека кошарката е толку сменета, што доколку тој денес би бил кошаркар без проблеми би уфрлал и по 50 поени по натпревар, и тоа без неговите легендарно лоши слободни фрлања.
О’Нил останува еден од најимпресивните НБА кошаркари, не само поради учинокот на теренот, туку поради неговиот магнетизам и харизма. А, останаа и познати неговите лоши изведувања на слободните фрлања, и покрај трите титули со Лос Анџелес лејкерс и едната со Мајами хит.
„Да сум денеска на теренот, и без слободните фрлања би дал 50 поени. Денешните кошаркари не играат физички, туку само се жалат и плачат. Не би шутирал тројки, бидејќи тоа не е работата на големите луѓе на теренот“, вели О’Нил.