Top Sport

Шок вест за Нетси – Харден нема да игра се до плеј-офот

Бекот на Бруклин Нетс – Џејмс Харден „брадата“ има проблеми со опоравување од повредата на задниот мускул на ногата. Иако делуваше дека опоравувањето оди како што треба и се поблиску е враќањето на паркетот, од клубот информираат дека дошло до влошување на состојбата и сега останува непознаница кога кошаркарот ќе се врати „в строј“.

Харден е надвор од терените од 5. aприл, кога се повреди на мечот против Њујорк Никс.

„Се вративме на почетокот на рехабилитацијата. Ќе се врати кога ќе може да се врати. Можеби тоа да е за плеј-оф, а можеби и пред тоа“ рече тренерот на екипата, Стив Неш.

Минатиот викенд генералниот менаџер на екипата – Шон Маркс беше многу оптимистичен и рече дека „брадата“ ќе почне со тренинзи за 4-5 дена, но сега ситуацијата е поинаква.

Харден е деветкратен НБА Ол-стар, троен најдобар стрелец на лигата и МВП за сезоната 2017/2018.

Пред сезонава да дојде во Бруклин Нетс настапуваше за Хјустон, односно за Оклахома.

Пред повредата се сметаше дека тој е еден од најсериозните кандидати за МВП титулата. Откако ги засили „мрежичките“ има 25,4 поени, 8,7 скока и 11 асистенции по меч.

Scroll to Top