ЦСКА Москва ќе игра во финалето на Евролигата против Анадолу Ефес, откако „армејците“ во меч за срцев напад успеаја со луда последна четвртина да го елиминираат шампионот Реал Мадрид со 95:90 (18:22, 25:23, 22:28, 30:17).
Рускиот клуб губеше во текот на целиот меч, а водството го преземаа (87:85) со тројката на Де Коло на 1:19 пред крајот. Тој додаде уште две успешни слободни фрлања, по што на другата страна Серхио Љуљ даде тројка, но ЦСКА со силна одбрана стигна до победата.
ЦСКА успеа да се одмазди за минатогодишниот пораз во финалето, надминувајќи двоцифрена разлика во второто полувреме за луд финиш. Нандо де Коло и Родригез имаа по 23 поени, а Клајбурн додаде 18. Кај Реал, Фабиен Косер имаше 18 поени, Љуљ додаде 13, а Ентони Рендолф имаше 12.
„Армејците“ во финалето по својата седма европска круна ќе се судрат со Анадолу Ефес, тим кој претходно во уште едно изненадување го победи турскиот ривал Фенербахче.