Top Sport

Милвоки на крилата на Адетокумбо води со 2-0 во финалето на Истокот (видео)

Кошаркарите на Милвоки синоќа го совладаа Торонто со 125-103 и поведоа со 2-0 во финалната серија во Источната конференција во НБА лигата. Домаќините на вториот финален натпревар беа повеќе од убедливи против „репторси“, а како по обичај најпрецизен кај „бакси“ беше Гркот Јанис Адетокумбо.
Тој мечот го заврши со 30 поени и 17 скокови, а уште 5 играчи од победничката екипа имаа двоцифрен поентерски учинок.

Кај поразениот тим Каваи Ленард повторно беше најефикасен, со 31 поен и 8 скокови.

Милвоки ја продолжи одличната серија од победи, а досега во мечевите од разигрувањето доживеа само еден пораз од Бостон.

Наредниот меч се игра на теренот на Торонто.

https://youtube.com/watch?v=v19GK4lkvOQ

Scroll to Top