Бекот на Голден стејт Вориорс Клеј Томпсон ги скинал предните вкрстени лигаменти во левото колено, во текот на шестиот меч од финалната серија против Торонто Репторс, потврдил за ЕСПН неговиот менаџер, Грег Лоренс.
Според првичните прогнози на Томпсон му претстои пауза до февруари или март наредната година.
Репторс со победата 114-110 ја добија серијата против Вориорс со 4-2 и прв пат во историјата ја освоија титулата во НБА лигата. Прашање е како ќе завршеше мечот доколку Томпсон до крајот останеше на теренот.
Томпсон се повреди на две минути и 22 секунди до крајот на третата четвртина при резултат 83-80 за Вориорс. До тој момент бекот на Вориорс постигна 30 поени.
Дени Грин го фаулираше Томпсон кој се обиде да забие. Играчот тргна го соблекувалната со помош на соиграчите, но се врати да ги изведе слободните фрлања, а потоа замина во соблекувалната. Веднаш потоа со помош на патерици тој заминал од Оракл арена.
Повредата на Томпсон е уште еден голем удар за Вориорс, откако во претходниот меч тешка повреда доживеа и Кевин Дурент, кој веројатно ќе ја пропушти целата наредна сезона.
Интересно за Дурент и Томпсон се шпекулираше дека по завршувањето на сезоната ќе ги напуштат Голден стејт, бидејќи во договорите имаат такви опции.