Top Sport

Шпанците по продолжение го најдоа лекот за Литванија

Литванија имаше предност во поголем тек од регуларниот тек, а на крајот по продолжение го загуби осминафиналниот дуел против Шпанија на Евробаскет. Избраниците на Серџо Скариоло беа поснаодливи во дополнителните пет минути и славеа со 102:94. Во продолжението постигнаа дури 19 поени, а примија само 11.

Литванците имаа 11 поени предност во средината на третата четвртина, но потоа затаи нивниот шут, а Шпанија полека се доближуваше. Одличен натпревар одигра натурализираниот Лоренцо Браун, кој ја предводеше „црвената фурија“ со 28 поени и осум асистенции.

Кај Литванците потфрли првата ѕвезда Јонас Валанчунас, кој имаше скромен ефект од пет поени и шест скока. Најефикасен беше Миндаугас Кузминскас со 18 поени.

Scroll to Top