Top Sport

Ига Швјонтек е кралица на Њујорк

Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек е победничка на УС Опен. По голема борба таа успеа да го добие драматичното финале против Онс Жабер со 2:0 во сетови.

Полската тенисерка релативно лесно го доби првиот сет со 6:2 во гемови, а неверојатно драматичен беше вториот сет. Швјонтек и Жабер на одушевување на публиката играа тај-брејк, а на крајот за нијанса подобра беше првата носителка. Го доби 13. гем со 7:5 на поени. Жабер беше одлична ривалка, го даде максимумот, но, за жал не успеа да избори трет сет.

Во машкото финале на УС Опен ќе се сретнат Карлос Алкараз и Каспер Руд.

Scroll to Top