Кошаркарите на Шпанија го освоија првото место во А-групата на Европското првенство. Групата која се играше во Тбилиси, актуелните светски шампиони ја освоија со победата над Турција 72:69.
Шпанците и Турците одиграа драматичен натпревар, ниту една репрезентација немаше поголема предност од седум поени. Победникот беше решен во последните 22 секунди. При резултат 69:68 за Шпанија, Турција тргна по водство, меѓутоа Дијас успеа да му ја украде топката на Ларкин.
Потоа во пенал-завршниците Шпанците ја обезбедија победата.
Ернангомез со 15 поени и седум скока, односно Браун со 5 поени и седум асистенции ја предводеа Шпанија. Кај Турсија се истакна Осман со 20 поени, пет скока и три асистенции.
Шпанија во осмина-финалето ќе игра против Литванија или Босна и Херцеговина, додека Турција за противник ќе ја има Франција или Словенија.
фото/ fiba