Top Sport

Шпанија ги обедини титулите: Светскиот првак стави и европска круна

Кошаркарската репрезентација на Шпанија ја совлада Франција со 88:76 во финалето на Евробаскет и ги обедини двете титули. Светскиот првак ја освои четвртата европска круна иако селекторот Серџо Скариоло имаше неверојатно променет состав во однос на последното натпреварување. Се чини дека клучен момент е ангажманот на натурализираниот Американец Лоренцо Браун, кој одлично ја предводеше „црвената фурија“ од плејмејкерската позиција во текот на целиот турнир.

Шпанија одлично го отвори финалето во Берлин, првиот период го доби со 23:14, имаше и 19 поени предност, но на одмор замина со десет поени позитива (47:37). Неверојатен беше Хуанчо Хернангомез, кој погоди дури пет тројки во првиот дел.

Французите се обидоа да намалат, стигнаа до „минус три“, но потоа Лоренцо Браун повторно пронајде неколку решенија за Шпанија да ја врати двоцифрената предност.

На крајот, Шпанците славеа со 88:76 и ги обединија светската и европската кошаркарска титула.

Хуанчо Хернангомез постигна 27 поени, Лоренцо Браун имаше 14 поени и 11 асистенции во редовите на новиот европски шампион.

Scroll to Top