Top Sport

Иџе победи и постави рекорд на Бузет, а стана вицепрвак

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе победи на последната трка на Европскиот ридско-планински шампионат која се возеше во Бузет, Хрватска. Сепак, тоа не беше доволно да успее да заврши како првопласиран во комплетното рангирање и се најде зад шампионот Антонино Миљуоло.

Стефановски успеа да постави нов рекорд на патеката во Бузет, а победи со вкупно време на двете трки од 5:13,189.

Тој е вицепрвак во својата категорија со вкупно 166 освоени поени, додека шампионот Миљуоло има 177.

Scroll to Top