Top Sport

Шпанија ја декласира Бугарија во првиот меч на ЕП

Репрезентацијата на Шпанија ја декласира Бугарија во премиерниот натпревар на 41. Европско првенство. Шпанците против Бугарија славе со 114:87.

Бугарите солидно го отворија дуелот во Тбилиси, но индивидуалниот квалитет на „црвената фурија“ брзо дојде до израз.

Везенков и Стоилов држеа егал во првите пет минути, од тој момент Шпанците ја започнаа својата доминација. Имаа предност 28:17 во првиот период, полувремето го завршија со 57:35.

Во третата четвртина видовме нестварна шутерска кошарка од двете страни, Шпанија овој период го доби со 32:31.

Најефикасен во шпанската репрезентација беше Лоренцо Браун со 17 поени, Вили Ернангомез додаде 16, а најискусниот Руди Фернандез постигна 14 поени.

Кај Бугарија се истакна Везенков со 26 поени, Иванов постигна 16, додека Костов мечот го заврши со 13 поени.

До крајот на денот во оваа А-група ќе играат Турција-Црна Гора и Грузија-Белгија.

Scroll to Top