Top Sport

Што се случува со Џа Морант? Се збогува со најблиските…

НБА ѕвездата и кошаркар на Мемфис Гризлис, Џа Морант, преку својот Инстаграм профил испрати загрижувачка порака до јавноста.

Морант повторно се најде на социјалните мрежи со огнено оружје, поради што беше суспендиран од неговиот клуб на почетокот на годината. Тогаш јавноста го нападна со причина, сметајќи дека е суперѕвезда која треба да им служи за пример на помладите генерации, а тој се извини. Меѓутоа, тој го повтори истото “дело“ додека се вози во автомобил со пријател и уште еднаш крена бура за неговиот живот.

Како ќе му оди во кариерата сѐ уште не се знае, но јасно е дека минува низ тешки времиња, што го потврдуваат и низата објави на неговиот Инстаграм профил, каде се збогува со мајката, таткото, ќерката, а потоа ја поздравува јавноста.

Загрижувачки моменти бидејќи не може да се утврди дали намерите се полоши отколку да се напушти светот на социјалните мрежи. Фотографиите набрзо беа избришани.

Scroll to Top