Top Sport

Симон и Ефес го „растурија“ Реал, Звезда „падна“ во финишот со Барселона (видео)

Во четвртото коло од Евролигата, Крунослав Симон и Брајант Данстон во второто полувреме го предводеа Анадолу Ефес до убедлива 76:60 победа над Реал Мадрид за да го подобрат скорот на 3:1 (а Реал да падне на 2-2).

Симон постигна само два поени во првото полувреме, но доминираше во второто за да го заврши мечот со 17 поени, колку што имаше и Данстон, а Крис Синглтон додаде 13 поени. Кај Реал, Серхио Љуљ имаше 14 поени, а Габриел Дек и Џордан Мики по 10.

Реал го започна мечот со 9 поени во низа, но Ефес успеа да се врати и да направи пресврт за 22:13 водство на почетокот на втората четвртина. Но, Шпанците повторно се вратија за 31:29 водство на полувреме, пред да почне „шоуто“ на Симон во второто полувреме.

Црвена звезда пак, одигра одлично прво полувреме, но на крајот не успеа да ги спречи Барселона да стигнат до четвртата победа во четири кола во Евролигата (73:65) во Белград.

За Звезда ова беше прв меч под водство на Андрија Гавриловиќ по отказот кој го доби Милан Томиќ, и тие почнаа фантастично, посебно во одбраната, но во последните 15 минути оваа игра се „распадна“ и тимот на Светислав Пешиќ остана непоразен по четири кола.

ЕВРОЛИГА, 4.КОЛО

Зенит Санкт Петербург – Панатинаикос 79:89 (20:22, 18:18, 22:25, 19:24)

Анадолу Ефес – Реал Мадрид 76:60 (15:11, 14:20, 27:19, 20:10)

Макаби Тел Авив – Валенсија 76:63 (18:11, 15:17, 23:16, 20:19)

Баерн Минхен – Химки 74:87 (19:17, 18:27, 18:26, 19:17)

Црвена звезда – Барселона 65:73 (16:12, 20:21, 13:24, 16:16)

Scroll to Top