Бен Симонс, новата сезона, сепак ќе ја започне во дресот на Филаделфија. Два месеци траеше сага со незадоволниот Симонс, кој инсистираше да биде разменет во некој друг клуб.
Првиот пик на драфтот во 2016 година, пристигнал во Филаделфија и веднаш влегол во ковид-протоколот. Наскоро тој ќе им се приклучи на соиграчите, кои ги финишираат подготовките пред почетокот на новата сезона.
Симонс, замина во Филаделфија, во мај, кога тимот испадна од Атланта во полу-финалето, во Источната конференција.
Тој им бил лут на навивачите, а не комуницирал ниту со соиграчите. Фановите на Филаделфија го криткуваа на социјалните мрежи, бидејќи беше најлошиот играч во серијата со Атланта.
Поради тоа на челниците на клубот им постави ултиматум да го разменат во некоја друга франшиза.
Нема информации зошто решил да ја смени одлуката, дали поради тоа што за секој неодигран натпревар ќе изгуби многу пари или поради тоа што Филалдефија не успеа да најде франшиза со која би можеле да ја направат размената.