Синот на легендарниот НБА кошаркар Карим Абдул-Џабар, Адам (28), е уапсен откако со нож го нападнал и повредил соседот.
Адам Абдул-Џабар се соочува со обвинение за напад со ладно оружје. Локалната полиција била известена за овој напад на 9 јуни околу 22 часот. Американските медиуми денес објавуваат информации за овој случај.
„Осомничениот,кој е прв сосед на жртвата, веднаш по инцидентот е уапсен“, рекол полицискиот портпарол.
Соседот сам отишол во болница каде му биле констатирани телесни повреди кои не биле опасни по неговиот живот.
Полицијата се уште го истражува случајот, а славниот кошаркар одбил да дава изјави за медиумите.