Преминот на Џејмс Харден од редовите на Хјустон во Бруклин Нетс е една од главните теми изминатиот период во НБА лигата. Расправи има, а останува да се видди колку резултатски тој трансфер ќе биде исплатлив.
Њујоршкиот регионален канал „Yes Network” објави податоци во врска со гледаноста на мечевите на Нетси откако Харден е дел од тимот. Информациите се дека гледаноста е зголемена за дури 69% откако „брадата“ е во тимот заедно со Кевин Дурент и Кајри Ирвинг.
Од доаѓањето на Харден, на 9 последни мечеви просечната гледаност на мечевите пораснала за речиси една четвртина за разлика од првите 13 меча од сезоната кога Харден се уште беше во дресот на „ракетите“.
Кога се работи за целата територија на САД, порастот на гледаност на мечевите на Нетси оди до 41%, додека на меѓународен план тој раст е 19 отсто.
YES' Nets season viewership grows by 69% in "Big 3" era. pic.twitter.com/a6Mk5aUodQ
— YES Network (@YESNetwork) February 2, 2021