Агентинскиот кошаркар Луис Скола ќе настапи на Олимписките игри во Токио во 2021 година. Скола наредното лето ќе наполни 41 година.
Легендата на Аргентина кариерата ја започнал во 1995 година, активен е две и пол децении, а оваа сезона го носеше дресот на Армани Милано.
Со репрезентацијата Скола во 2004 година, во Атина, го освои златниот олимписки медал. На ОИ во Рио Де Жанеиро Скола со Аргентина го освои бронзениот медал.