Луис Скола, капитенот на аргентинската кошаркарска селекција упати само пофалби за неговиот сонародник Лионел Меси кого го стави и над Диего Армандо Марадона во однос на спортското однесување.
Јасно е дека тој аспект му е важен на 40-годишниот кошаркарски центар кој долго време е во кошаркарскиот свет. За него Меси е над сите спортисти во Аргентина.
„Би го ставил Меси над сите затоа што тој има многу повеќе од другите со она што го прави на теренот. Една од работите кои ги гледам кај него се дека не се истакнува, не се удира в гради. Тој тоа би можел со право да го чини, но и покрај се, тој продолжува да трча“ – вели Скола.
Кошаркарот смета дека Меси се однесува многу „антиаргентински“, различно од неговите сонародници. „Тоа е многу „“антиаргентински“, тоа го вела за него да го пофалам, а не останатите да ги критикувам. Тој е како сидро за нас спортистите, и понатаму трча“ – вели Скола.
За кошаркарот, она што фудбалерот на Барса го прави е огромен спортски квалитет.
„Спортот е рефлексија, Меси не е голем само затоа што не се удира во гради. Голем е поради многу други работи. Не можете да освојувате толку титули само ако сте полетен, мора тоа да е плод на талент, труд, тренинг“ – вели кошаркарот кој со 40 години играше со својата Аргентина финале на Мундобаскетот.