Легендата на Чикаго Булс, Скоти Пипен изнесе тешки обвинувања на сметка на неговиот поранешен тренер, Фил Џексон тврдејќи дека тој е расист.
Пипен се осврна на плеј-оф мечот од 1994 година кога Џексон му рекол на Пипен на еден меч, тој да да уфрли топката од аут, а шутот за победа да го има Тони Кукоч.
Таквиот потег на Џексон екс-кошаркарот го окарактеризира како расистички.
„Мислам дека тоа не е мистерија, треба да читате меѓу редови. Беше тоа првата година од играњето без Мајкл Џордан, зошто јас не би го зел тој последен шут? Ги поминав сите подеми и падови, битките со Пистонски, па сега ме навредувате и ми велите да излезам од игра? Мислам дека тоа беше прилично низок удар. Чувствував како тоа да е можност за Кукоч да „порасне“. Беше тоа расен потег за тој да „заблеска“. Се чувствував навредено“ вели Пипен.
DP: ".. By saying it was a racial move then you're calling Phil Jackson a racist…"
Pippen: "I don't have a problem with that."
DP: "Do you think Phil was?"
Pippen: "Oh yeah…"
Exchange with @ScottiePippen on Phil's decision to have Kukoc take final shot against the Knicks pic.twitter.com/pH2aDLMDcQ
— Dan Patrick Show (@dpshow) June 28, 2021