Top Sport

Мбапе си оди од ЕУРО без постигнат гол: Жал ми е за пеналот!

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе го заврши ЕУРО 2020 без ниту еден постигнат гол иако на почетокот на континенталниот собир тој беше играчот на кого му се даваа најголеми шанси да биде на врвот на листата на стрелците.

И не само тоа, токму неговиот промешен пенал синоќа во Букурешт против Швајцарија во осминафиналето ја испрати дома селекцијата која е актуелен светски шампион и која беше прв фаворит за освојување на ЕП.

Селекторот Дидие Дешам и капитенот Уго Лорис застанаа во одбрана на Мбапе, а голгетерот на ПСЖ доцна синоќа се обрати на социјалните мрежи:

„Многу е тешко да се сврти нов лист. Тагата по елиминацијата е несогледлива, не бевме во состојба да ја исполниме задачата. Жал ми е поради пеналот. Сакав да му помогнам на тимот, но не успеав. Ќе биде тешко да заспијам, но за жал тоа се ризиците кои ги носи спортот кој толку многу го сакам. Знам дека сте вие, навивачите, разочарани, но и понатаму сакам да ви се заблагодарам за поддршката и на тоа што секогаш верувавте во нас. Најважно ќе биде да останеме уште појаки за предизвиците кои доаѓаат. И честитам на Швајцарија и и посакувам многу среќа“ стои во пораката на Мбапе.

Scroll to Top