Top Sport

Словенците останаа без еден од браќата Драгиќ

Актуелниот европски првак Словенија ќе биде ослабен во завршницата на Европското првенство во кошарка. Помладиот од браќата Драгиќ, Зоран, посериозно се повреди во осминафиналето со Белгија и нема да може да им помогне на соиграчите до крајот на Евробаскет.

Зоран Драгиќ го повреди бутниот ммускул, а лекарите проценуваат дека ќе мора да паузира околу два месеци.

„Не ми било судено да ѝ помогнам на репрезентацијата во клучните мечеви на европските првенства. Но, ќе ги бодрам од клупата, ќе бидам најгласниот навивач. Верувам дека момците ќе одиграат со срце и ќе радуваме на нов голем успех“, изјави Зоран Драгиќ.

Словенија во четвртфиналето ќе се сретне со Полска, а мечот е закажан за в среда од 20.30 часот.

Scroll to Top