Top Sport

Слукас ги „реши“ Реал, совршен старт и за Алба и Басконија

Олимпијакос стигна до импресивна 89:87 победа на гости кај Реал Мадрид благодарение на фантастичниот Костас Слукас за грчкиот клуб да го продолжи совршениот старт на новата сезона во Евролигата со трета победа во низа.

Слукас прво ја положи топката пред Тавареш и потоа погоди две слободни фрлања за 87:85 предност на Олимпијакос на 32 секунди пред крајот, но Серхио Љуљ успеа да израмни во следниот напад. На пет секунди пред крајот, Слукас повторно го помина Еди Тавареш за клучни поени.

Црвена звезда ќе почека за првата победа во новата сезона од Евролигата, откако Басконија со неверојатни 19 тројки успеа да стигне до убедлива 92:75 победа над тимот на Владимир Јовановиќ, нивна трета во низа на стартот на сезоната.

Звезда имаше сили за отпор во првото полувреме, во кое беше израмнето, но потоа шоуто го украде Маркус Хауард со 30 поени, а Дариус Томпсон додаде 18 поени. За белградскиот тим, најдобри беа Лука Митровиќ со 17 поени и Огњен Добриќ со 14.

Совршени 3-0 на стартот на сезоната имаат и Алба Берлин, кои со 94:65 го декласираа тимот на Панатинаикос, кој падна на 1-2 скор. Алба имаше 12 поени предност на полувреме, за во средината на третата четвртина да стигнат до 30 поени предност. Лук Сикма со 16 и Тамир Блат со 15 беа најдобри за германскиот тим.

ЕВРОЛИГА, 3.КОЛО
Алба Берлин – Панатинаикос 94:65
Басконија – Црвена звезда 92:75
Реал Мадрид – Олимпијакос 87:89

Scroll to Top